Научници сакаат да го „оживеат“ изумрениот тасманиски тигар

Научници од Австралија и од САД ќе бидат дел од многу скап проект чија цел е „оживување“ на изумрениот тасманиски тигар. Тие веруваат дека можат да го добијат првото живо младенче во следната деценија.

Тасманискиот тигар целосно исчезнал во 20 век. Последната позната единка угинала во 1936 година во Зоолошката градина „Бомарис“ во Хобарт во австралиската островска сојузна држава Тасманија. Животното наликувало на куче, со тело долго околу еден метар, со сиво-кафена боја и 12 до 14 црни попречни ленти на грбот. Женката раѓала 2 до 4 младенчиња. Животните живееле во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја.

Ендрју Паск од Универзитетот во Мелбурн изјави дека најавеното партнерство ќе им овозможи на научниците „големи чекори кон зачувување на загрозените торбари во Австралија и преземање голем предизвик“ за враќање на изумрените видови. Напорите ќе бидат потпомогнати и од работата да се идентификуваат торбари со слична ДНК, со цел да се добијат живи клетки.

„Со ова партнерство, сега верувам дека за 10 години би можеле да го добиеме нашето прво живо бебе од видот тасманиски тигар, којшто луѓето го ловеле додека не бил истребен пред речиси 100 години“, рече Паск.

Ако научниците успеат во намерата, тоа ќе биде прво враќање на некој изумрен вид животни.

реклама

iPhone 14 Pro „растури“ на тестот за квалитет на камерата

Read more

Руски астролог открива кои три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во 2023 година

Read more

Што кралот Чарлс јаде за појадок?

Read more

НАСА го удрила астероидот посилно од очекуваното: Можеби му откинавме парче 

Read more

Вести

Заглавени во минатото: Авиокомпании сѐ уште користат флопи дискови

Read more

Диносаурусите можеби изумреле долго пред фаталниот астероид да удри во Земјата

Read more

Летечко такси Wisk  - електрично, беспилотно и со домет од 140 километри

Read more

Нобеловата награда за медицина и физиологија ја доби Швеѓанецот Сванте Паабо

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Заглавени во минатото: Авиокомпании сѐ уште користат флопи дискови

Читај повеќе

Диносаурусите можеби изумреле долго пред фаталниот астероид да удри во Земјата

Читај повеќе

Научниците развиваат пластика која се распаѓа во морска вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Летечко такси Wisk  - електрично, беспилотно и со домет од 140 километри

Читај повеќе

Кои се најбрзите Android телефони во моментов?

Читај повеќе

Нобеловата награда за медицина и физиологија ја доби Швеѓанецот Сванте Паабо

Читај повеќе

Климатските промени се добра вест, но ако сте термит

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најимпресивни проекти на НАСА

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Единбург - град преполн историја и инспирација за Хари Потер

Читај повеќе