Научниците открија: Постојат четири начини според кои старееме

Дали сте забележале дека некои луѓе изгледаат значително постари од нивни врсници, додека други делуваат како воопшто да не се промениле низ годините?

Студија од Универзитетот Стенфорд ги проучуваше процесите на стареење на молекуларно ниво и дојде до заклучок поради кои причини старееме со различна брзина.

Истражувањето на оваа тема е во зачеток, но оваа студија се смета за многу важен чекор во желбата за проникнување во проблемот со стареењето. Во студијата истражувачите надгледувале 43 здрави возрасни луѓе во текот на две години, анализирајќи примероци крв и други биолошки примероци, воочувајќи ја разновидноста на молекуларните промени.

Заклучокот е дека е точна констатацијата дека луѓето стареат со различна брзина, но е многу важно да се знае причината на тоа стареење, односно каде процесот на стареење е најактивен. На крај научниците заклучиле дека луѓето може да бидат сместени во четири групи според биолошкото стареење: имунолошки систем, бубрези, црн дроб и метаболизам.

На пример, кај луѓето кај кои метаболизмот е главна причина имаат поголем ризик од дијабетес во староста. Кај оние кај кои причина е имунолошкиот систем страдаат од различни воспаленија и се под поголем ризик од болести на имунолошкиот систем. Кај оние кои епицентри се црниот дроб и бубрезите, доаѓа до заболување на овие органи.

Некои од учесниците во студијата спаѓаат во повеќе типови, додека некои стареат под влијание на сите четири категории. Во теорија, луѓето би можеле да го востановат својот тип на стареење па на таа основа да влијаат на забавување на овој процес.

Пред научниците да дојдат до подетални заклучоци може да го направите следново: престанете да пушите цигари, одржувајте нормална телесна тежина, вежбајте редовно и хранете се здраво, со секојдневно консумирање на овошје и на зеленчук.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе