Научниците предупредуваат: Земјата се врти многу брзо

Практиката на вметнување дополнителни секунди беше воведена во 1972 година и дотогаш се додадени само 27 „дополнителни“ секунди.

Иако ова можеби не ни изгледа така, Земјата се врти сѐ побрзо и побрзо. Научниците открија дека се зголемува брзината со која Земјата се врти околу својата оска, што ќе резултира со „пократка“ година.

Имено, како што објаснуваат, на ротацијата на Земјата влијаат голем број фактори од атмосферата и океаните, до нејзиното течно јадро. Сепак, поради побрзата ротација, тие проценуваат дека во просек денот во текот на 2021 година ќе биде за 0,05 милисекунди пократок од вообичаеното. Можеби не изгледа многу, но кога ќе соберете колку дена во текот на годината ќе бидат пократки, доаѓаме до пократка година.

Последен пат кога просечниот ден бил пократок од 86.400 секунди во текот на една година беше во 1937 година, предупредуваат научниците.

За просечниот човек ова не значи многу, но може да се појават проблеми за технологијата што користи атомски часовници за да може точно и прецизно да извршува одредени задачи во астрономијата, навигацијата, компјутерските мрежи и слично. Ако ротацијата на Земјата доволно се промени, атомските часовници ќе станат неточни, што значи дека ќе треба да додадат или одземат секунда за да се ускладат.

Оваа практика на вметнување дополнителни секунди е воведена во 1972 година и досега се додадени само 27 „дополнителни“ секунди.

Но, научниците предупредуваат дека во овој случај треба да се „одземе“ секунда за часовниците да „фатат чекор“ со Земјата. Дали навистина ќе ѝ биде одземена таа секунда, во моментов е тешко да се каже бидејќи постои глобална дебата за иднината на „дополнителните“ секунди или дали часовникот и ротацијата на Земјата воопшто треба да се усогласат.

Од една страна, научниците се залагаат да се дозволи разликата да се продолжи на еден час, по што тој час едноставно ќе се додаде таа година. Како што се додава ден во престапна година. И додека ова би ја поедноставило работата на телекомуникациските мрежи, астрономите ќе треба сами да го пресметуваат времето додека официјално не се додаде тој час.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе