Навални објави фотографија од болница: Дишам самостојно

Кајгана / МИА
/ 15.09.2020 / 13:40

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска објави неговата слика на Инстаграм и порака во која наведува дека можел да дише без респиратор цел еден ден, во првото обраќање на таа мрежа по труењето на крајот на август.

– Сè уште не можам да направам речиси ништо, но вчера (понеделник) можев да дишам цел ден, напиша Навални на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија како седи на болнички кревет во друштво на неговата сопруга.

Навални, кој откри корупција во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако одеднаш му се слоши. Тој беше префрлен во Германија два дена подоцна, каде лекарите заклучија дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“, кој потекнува уште од времето на Советскиот Сојуз.

Руските власти во неколку наврати негираа вмешаност во случајот.

Германската болница Шаритe, каде се лекува, вчера објави дека се подобрува неговата здравствена состојба, дека може повремено да станува од кревет и оти може целосно да биде исклучен од апаратот за вештачко дишење. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе