Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Двесте илјади Шкоти пристигнаа неделава на Европското првенство каде нивната репрезентација се натпреварува во групата А за да ѝ дадат огромна поддршка во ова натпреварување.

Шкотска синоќа на отворањето на шампионатот беше поразена од Германија со убедливи 5:1, што секако донекаде им го расипа расположението на навивачите кои од Островот отпатуваа за Германија.

Одличното расположение на навивачите на Шкотска пред натпреварот најдобро го опишува видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое може да се види како навивач на Шкотска во метрото пресоздава сцена од легендарниот филм „Braveheart“ на Мел Гибсон, во која Гибсон исто така ја игра главната улога на шкотскиот херој Вилијам Волас .

„Бегај и ќе живееш - барем за некое време. И умирајќи во своите кревети за многу години од сега, дали би биле подготвени да ги замените сите денови од овој до тој другиот за една шанса, само една шанса, да се вратите овде и да им кажете на нашите непријатели дека можат да ни ги одземат животите, но тие никогаш нема да ни ја одземат слободата!“, е оригиналниот текст од говорот на ликот на Вилијам Волас во иконскиот филм.

Remote video URL

Токму овој текст на Волас (Гибсон) го кажува овој навивач на Шкотска, а снимката ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.

Филмот „Braveheart“ е снимен во 1995 година и ја раскажува приказната за Вилијам Волас, шкотски воин од XIII век кој, спротивставувајќи се на англискиот крал Едвард I, се бори за независност на Шкотска.

Потсетуваме, Шкотска синоќа одигра катастрофално блед натпревар против Германија и беше тешко поразена со 5:1, а во следното коло ќе игра против Швајцарија. Тој натпревар е закажан за в среда од 21 часот.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Почна сезоната на храна што го намалува ризикот од катаракта и до 43%

Read more

Трик за разладување на домот и обезбедување пријатен сон

Read more

Фудбал

Тиквеш го обели образот на македонскиот фудбал во Европа

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Мбапе ја доби „деветката“ на Бензема во Реал

Read more

Експерт за ВАР објасни зошто беше досуден пенал за Англија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиквеш го обели образот на македонскиот фудбал во Европа

Читај повеќе

ФИА потврди шест трки за сезоната 2025

Читај повеќе

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Читај повеќе

Мбапе ја доби „деветката“ на Бензема во Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Експерт за ВАР објасни зошто беше досуден пенал за Англија

Читај повеќе

Кој ќе биде судија за финалето на ЕУРО 2024?

Читај повеќе

Кејн испиша историја: Ниту еден Европеец досега не успеал во тоа

Читај повеќе

Вимблдон зад сцената: Како се реализира тениски пренос?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невиден хаос на Копа Америка: Дарвин Нуњес се тепаше со навивачите, со столче отиде на трибина

Читај повеќе