СЕРИЈА А 2019/20

Навивачите го избраа Пандев за играч на сезоната во Џеноа

Во интернет гласање нашиот најдобар фудбалер убедливо го освои првото место со над 5 илјади гласови и се стекна со епитетот најдобар за изминатава сезона во својот клуб.

Посетителите на најпознатата веб-страница посветена на калчолигашот Џеноа, Pianetagenoa1893.net, го одбраа македонецот за свој најдобар играч за изминатата сезона 2019/20.

Пандев заврши убедливо на врвот пред Антонио Санабрија, играчот кој ги постигна головите за опстанок во последното коло, како и Данецот Ласе Шене.

  1. Горан Пандев (Македнија) – 5.047 гласови
  2. Антонио Санабрија (Парагвај) – 3254 гласови
  3. Ласе Шене (Данска) – 2783 гласови

Капитенот на македонската репрезентација сезонава одигра вкупно 34 натпревари во Серија А на кои постигна 9 голови и забележа 3 асистентии (2 за изнуден пенал, потоа реализиран), а на теренот помина вкупно 1.681 минута. Беше дел и од 1 натпревар во Копа Италија на кој ги одигра последните 19 минути.

Pianetagenoa1893.net после секое коло бира и играч на натпреварот во својот тим, а Пандев дури 7 пати го доби тоа признание. Посетителите го одбраа за најдобар на двата натпревара со Удинезе, потоа на оние против Сасуоло, Рома, Каљари, СПАЛ и Лече.

Пандев и наредната сезона останува на „Мараси“ да ги брани боите на популарните „Грифони“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе