УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Навивачите на Манчестер го гаѓаа Симеоне со сѐ што имаа при рака

На навивачите на Манчестер Јунајтед тешко им падна вчерашниот пораз од Атлетико на „Олд Трафорд“, што значеше и испаѓање од Лигата на шампионите, а бесот го истурија врз гостинскиот тренер Диего Симеоне.

Имено, аргентинскиот стручњак веднаш по победата истрча во тунелот, а додека се приближуваше кон влезот кон него полетаа еден куп предмети, како и некои пијалаци.

URL

Претходно во натпреварот, Симеоне со тактичко совршенство целосно ги неутрализираше Кристијано Роналдо и неговите избраници во реваншот на „Олд Трафорд“, со неговата препознатлива „анти“ фудбалска тактика.

На крајот Атлетико славеше со 1:0 благодарение на погодокот на бразилскиот дефанзивец Ренан Лоди постигнат на 4 минути пред паузата. Со оглед на тоа што првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1, ова значеше вкупно водство за Атлетико, па Симеоне ги затвори сите приоди кон голот на Јан Облак. Во второто полувреме Манчестер ја имаше топката, но успеа да упати само еден удар во рамките на голот.

Најголемата, односно единствената шанса за израмнување во вториот дел ја имаше Рафаел Варан кога во 77. минута биеше со глава, но Облак одлично одбрани.

Така, Атлетико избори пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите и со тоа уште еднаш ја шокираше Европа.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе