Навивачите на Сити очајно бараат Туре да ја тргне клетвата за да ја освојат ЛШ

Навивачите на Манчестер Сити на социјалните мрежи јавно бараат од поранешниот фудбалер Јаје Туре да ја тргне клетвата за клубот конечно да ја освои Лигата на шампионите.

Јаја Туре по заминувањето од Манчестер Сити наводно го пцуел Пеп Гуардиола, а неговиот агент порача дека африканските шамани никогаш нема да дозволат шпанскиот стручњак да ја освои Лигата на шампионите поради неговото лошо однесување кон фантастичниот играч за врска.

За многу навивачи на Сити оваа клетва на почетокот им беше смешна, но „Граѓаните“ од сезона во сезона ја губеа титулата на најтрагикомичен начин, па симпатизерите на клубот од „Итихад“ почнаа да го менуваат мислењето.

Сити објави фотографија за да ја одбележи четвртата годишнина од последниот натпревар на Јаје Туре во овој дрес, а многумина веруваат дека клубот на овој начин сакал да го повика фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска да ја тргне клетвата.

Но, во коментарите симпатизерите на Сити ја преплавија објавата со пораки за Туре и таму го молеа да ја тргне фрлената клетва.

„Повлечи ја клетвата“, „Коло, кажи му на брат ти да ја тргне клетвата“, „Ако поставиме статуа на Јаје Туре, можеби ќе ја освоиме и Лигата на шампионите“, „Обидете се да го натерате да ни прости“, „Пеп, те молам извини му се“, се само неколку од коментарите на навивачите на Сити.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Manchester City (@mancity)

Имаше дури и такви кои повеќе не се љубители на играчот од средниот ред иако тој донесе многу добри работи на „Итихад“.
„Го поздравувате човекот кој не пцуеше“, вели еден фан.

Но, најинтересната изјава ја даде еден фан во посебен текст објавен на Twitter, кој им се допадна на повеќе од 9.000 фанови.

„До Јаја Туре, ти се обраќам во име на сите навивачи на Манчестер Сити и те молам да ја повлечеш клетвата на вашиот агент, упатена кон Гуардиола уште во 2018 година. Свесен сум дека има конфликт меѓу вас. Сепак, базата на навивачи што те сака има доволно претрпено од оваа клетва. Ние навивачите страдаме. Клетвата требаше да го повреди Пеп, но нѐ погоди нас кои не сме виновни, нас кои очајно ја сакаме Лигата на шампионите“, напиша навивачот на Twitter.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе