ПРЕМИЕР ЛИГА 2024/2025

Навивачите на Тотенхем не паметат поболна провокација од синоќешната на Варди

Еден од култните херои на англиската Премиер лига во последните години, Џејми Варди, на многу интересен начин го дочека своето враќање во друштвото на најдобрите во дресот на Лестер Сити.

Искусниот капитен на Лестер, кој го предводеше овој тим до сензационална титула во Премиер лигата, остана со клубот дури и кога испадна во Чемпионшип во мај 2023 година. Oстана во клубот, освои промоција и синоќа на најдобар можен начин се врати во Премиер лигата во доцните играчки години (има 37).

Лестер на Варди се сретна со Тотенхем и долго време заостануваше по голот на Педро Поро. Сепак, „Лисиците“ не се предадоа, па токму преку Варди дојдоа до израмнување и првиот бод во Премиер лигата по една година чекање.

Поранешниот англиски репрезентативец постигна гол за 1:1, а потоа набрзо го напушти теренот. Сепак, во таа прилика успеа да ги исмее гостинските навивачи на начин на кој ретко кому ќе му текне.

Варди се сврте кон навивачите на Тотенхем, им го покажа грбот на Премиер лигата, а потоа со раце покажа дека има една титула, а навивачите на Тотенхем ниту една. Сцената, очекувано, стана вирална.

Но, Лестер има една лигашка титула, а Тотенхем има две. Тогаш на што алудираше Варди?

Искусниот напаѓач сепак не погреши. Гледајќи ја само Премиер лигата, на чиј грб покажа, Варди е во право бидејќи тој навистина освои една титула повеќе од Тотенхем. Од друга страна, Тотенхем двапати ја освојуваше титулата англиски шампион (во 1951 и 1961 година), но никогаш откако е ребрендирана во Премиер лига.

Варди имаше колосална шанса и да го реши победникот кога во 71. минута им избега на гостинските бекови, излезе сам пред голманот, но Италијанецот Гиљелмо Викарио успеа да го спречи да погоди за 2:1.

Remote video URL
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе