Најјаката кошаркарска лига во светот – НБА – ќе продолжи на 31 јули во Орландо и тоа во нов формат.
Челниците на НБА одлучија тимовите кои немаат никакви шанси за плеј-оф да не ризикуваат повреди на играчи, па така во новиот формат ќе играат 22 тима, за што гласаа сите клубови освен Портланд.
Од Западната конференција ќе има 13 тима што ќе играат во новиот формат, додека од Источна ќе играат девет.
Екипите кои ќе продолжат со натпреварување се: Бостон, Бруклин, Далас, Денвер, Хјустон, Индијана, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс, Мемфис, Мајами, Милвоки, Њу Орлеанс, Оклахома, Орландо, Филаделфија, Феникс, Портланд, Сакраменто, Сан Антонио, Торонто, Јута и Вашингтон.
Секоја од екипите ќе одигра по осум натпревари, а потоа ќе се одлучи кој против кого ќе игра во плеј-оф.
Натпреварувањата во НБА беа прекинати на 11 март, откако центарот на Јута Џез Руди Гоберт доби позитивен тест за коронавирус.
Според моменталната состојба на табелата, најдобри екипи во НБА лигата се ЛА Лејкерс (Запад) и Милвоки (Исток).