'Ндрангета на удар: Уапсени 56 мафијаши, конфискуван имот вреден 250 милиони евра

Италијанската полиција утрово уапси 56 лица ширум земјата за врски со мафијашката група 'Ндрангета и заплени имот вреден околу 250 милиони евра.

Обвиненијата со кои се соочуваат осомничените вклучуваат изнуда, киднапирање, трговија со оружје, корупција и измама, меѓу другото.

Франческо Месина, шефот на антикриминалното тело на државната полиција, рече дека „силната операција на судската полиција... ни овозможи да ја разбиеме жестоката мафијашка група“.

Тој понатаму додаде дека „огромната вредност“ на запленетиот имот „ја потврдува економската моќ на кланот 'Ндрангета кој конечно е погоден“.

Полициската операција доаѓа само една недела откако еден од најбараните италијански бегалци, злогласениот сицилијански мафијаш Матео Месина Денаро, беше уапсен во Палермо.

Кланот 'Ндрангета има свои корени во јужниот регион на Калабрија, но сега се проширил низ полуостровот и во остатокот од континентот. Тој е инволвиран во шверц на дрога во Европа, одржувајќи силни врски со јужноамериканските картели.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе