Не е поради удобност: Зошто кучињата спијат во свиткана положба?

Речиси сите кучиња за спиење влегуваат во свиткана положба. Сите мислиме дека така им е многу удобно, но причината е сосема поинаква.

Некои однесувања на нашите миленици се длабоко вкоренети во еволуцијата, па така е и ова, кое датира од времето кога сè уште не било нормално кучињата да живеат со нас и да спијат на каучот.

Често велиме дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, меѓу другото и затоа што можат да ни пружат многу смеа и радост со своето необично разиграно однесување, но мора да се признае дека понекогаш знаат да бидат малку чудни - кога ќе ги наведнат главите додека им зборуваме или кога одеднаш ќе почнат да се тркалаат по подот.

Зошто кучињата ја наведнуваат главата на едната страна кога разговараме со нив?

Сепак, постојат и оние вродени кучешки навики и однесувања за кои експертите денес имаат научни објаснувања. Веројатно сте забележале дека кучињата секогаш се виткаат во топка пред слатко да заспијат: но, ако мислите дека тоа е само поради удобната положба, се лажете.

Маргарет Груен, доцент по бихевиорална медицина на Државниот ветеринарен универзитет во Северна Каролина, вели дека тоа има свои корени во еволуцијата на кучињата.

„Кога кучињата спијат во дивината, особено таму каде што е многу студено, тие копаат гнездо во земјата и се склопчуваат во него. Телото свиткано во топка им овозможува подобро да ја задржат топлината. Исто така, оваа поза ги штити нивните најчувствителни органи од потенцијални предатори“, објаснува таа.

Секако, на многумина им звучи глупаво, бидејќи знаат дека нивниот миленик не е во никаква опасност, но од кучешки аспект тоа е многу разумна тактика што ја наследиле од нивните предци.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе