Не престануваат лошите критики за новиот филм за Мерлин Монро, гледачите згрозени

Продолжува бранот негативни критики за филмот „Blonde“, инспириран од животот и делото на легендарната актерка Мерилин Монро, кој неодамна беше објавен на Netflix.

Првите негативни реакции кај публиката беа за експлицитна сцена во која холивудската дива е брутално силувана од американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Тоа вознемири дел од гледачите кои сметаат дека таа сцена е мачна и непотребна.

Писателката Џојс Керол Оутс ја прикажа славната актерка во измислена приказна на начин кој на многумина не им се допадна.

Во филмот има неколку навистина одвратни сцени со силување, многу гледачи тврдат дека мислат дека режисерот всушност сакал да сними порнографско дело со покојната актерка. Филмот не се препорачува за луѓе помлади од 17 години.

Remote video URL

Иако сите ја фалат актерката Ана де Армас, која го отелотвори ликот на фаталната русокоса, мнозинството обожаватели на Мерлин Монро го нападнаа режисерот Ендру Доминик, кој јавно призна дека единствениот добар филм за починатата актерка е „Некои го сакаат тоа жешко“ и дека во филмот „Како да се омажиш за милионер“ сите жени се добро облечени ку*ви.

„Гледав 20 минути од овој филм и веднаш морав да ги проверам социјалните мрежи за да видам дали пропуштив нешто и дали другите луѓе се згрозени“, „Се обидов да го гледам Blonde, но не можев да издржам повеќе од 20 минути, навистина беше сурово и ми го скрши срцето“, „Ана де Армас е одлична, но мажите се толку сурови“, „Blonde ја исмејува Мерлин Монро. Таа не беше само секс објект. Не го гледајте“, „Филмот е толку лош што ни солидната Ана де Армас не можеше да го спаси“, се само дел од новиот бран коментари на социјалните мрежи.

URL

Режисерот Доминик претходно го коментираше контроверзниот филм.

„Тоа е филм кој бара многу. Ако на публиката не ѝ се допаѓа, тоа е проблем на публиката.“

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе