ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Не се сликајте со Русите - Украина ги предупреди своите олимпијци

И на претстојната Олимпијада политиката ќе го засени спортот откако украинските спортисти добија наредби да не се доближуваат до руските ривали во Пекинг.

Украинците кои ќе ја претставуваат нивната татковина на Зимските олимписки игри треба да ги избегуваат руските натпреварувачи, нареди министерот за спорт на Украина наведувајќи потенцијални „провокации“.

Додатно на тоа, на украинските спортисти им е забрането да зборуваат руски за време на интервјуа на Игрите, како и да се фотографираат заедно со спортисти од Русија.

Украинскиот министер за млади и спорт, Вадим Гутцајт, инаку поранешен мечувалец кој на Летните олимписки игри во 1992 година во Барселона освои златен медал за СССР, ги потврди таквите правила.

„Имавме онлајн состанок со сите олимпијци и тренери за тоа како да се однесуваат во ситуации во кои ќе има провокации, како што беше на Летната олимпијада“, изјави Гутцајт среде затегнатите односи на двете соседни држави.

Сите спортисти по примањето на медалите се фотографираат со знамето на својата земја, но за Гутцајт тоа е провокација доколку земјата е Русија.

„Сите олимпијци се свесни и знаат како да се однесуваат при такви ситуации. Не смеат да стојат заедно со спортисти од Русија кои држат знаме, за да не делува дека се заедно. Треба да го научат тоа, работевме на ова. По ЛОИ, не е првпат да се сретнуваме нивни спортисти и затоа ова е веќе добро продискутирано“, додаде сега 50-годишниот поранешен мечувалец.

За време на Олимпијадата во Токио украинската натпреварувачка во скок во вис Јарослава Махучких беше цел на жестоки критики во својата татковина откако беше фотографирана (слика горе) како се смее заедно со Русинката Марија Лесицкене, која освои злато.

Бронзената Махучких (20 год.) воедно е војник во украинската армија и ѝ беше наредено да посети состанок со официјални лица за да разговара за „злоделото“ кое го направила.

Украинската заменик-министерка за одбрана, Ана Малјар, отиде дотаму тврдејќи дека однесувањето на Махучких може да биде „предмет на информативни специјални операции на непријателот“.

На тоа одговори портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјавувајќи дека „непријатели се оние во Украина кои ги гонат сопствените спортисти поради фотографија“.

Подоцна на Параолимпијадата украинскиот натпреварувач Ихор Цвјетов беше забележан како го избегнува подиумот на кои беа двајца руски натпреварувачи.

Само два месеца претходно на натпреварување во Полска, истиот Цвјетков насмеано позираше меѓу истите Руси. Но, наредба си е наредба.

URL

Зимските олимписки игри во Пекинг почнувата на 4 февруари, а ќе траат до 20-ти.

Пора допинг-санкциите од ВАДА руските спортисти и на овој собир ќе настапат под знамето на Рускиот олимписки комитет, а нема да биде интонирана ниту руската химна.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе