Не сте ни свесни какви опасности демнат од новата неиспрана облека

Б.С.Б.
/ 24.11.2021 / 19:02

Си купивте нова кошула и едвај чекате да ја облечете и прошетате со неа, но сепак е подобро да бидете малку трпеливи бидејќи тоа може да ви предизвика низа проблеми. Пофалбите и комплиментите за добриот изглед нема да ви помогнат со црвенилото и чешањето на кожата следниот ден.

Тоа црвенило се вика алергиски дерматитис и е предизвикан од одреден алерген. До реакција веројатно нема да дојде моментално, туку следниот ден или по неколку дена. Оваа реакција најчесто ја предизвикуваат боите на облеката.

Ваквите бои најчесто се користат на синтетички материјали како полиестер и најлон. Боите се ослободуваат од материјалот во текот на потење и триење од него. Ваквите реакции може да се избегнат со перење на облеката пред носење, со што вишокот се отстранува.

Но, алергискиот осип не е единствената негативна реакција која новата, неиспрана облека може да ја предизвика. Во 2014 година научници од Универзитетот во Стокхолм тестираа парчиња облека со различни бои, од различни материјални, произведувачи и цени.

Во 29 од 31 парче облека пронашле хемикалија наречена кинолин која Агенцијата на САД за заштита на животната средина ја прогласи за „потенцијално канцерогена за луѓе“, иако уште не се спроведени истражувања кои тоа го потврдуваат. Според истражувачите, пронајдени се и други канцерогени хемикалии, но не постојат доволно истражувања за внесување на наведените хемикалии преку кожата.

„Во ваш интерес е да ја исперете облеката пред носење“, вели Дејвид Ендрус, научник кој ги истражува хемикалиите за отстранување дамки, за подобрување на бојата и слично. Вели дека произведувачите не наведуваат кои хемикалии ги користат за облеката, а истите се потенцијално опасни за луѓето, но може да бидат штетни и за околината.

„Неверојатно е што кога ќе купите маичка на која е наведено дека е 100% памук, никаде не е наведено кои хемикалии ги содржи“, вели тој.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе