Неделен хороскоп (28 ноември до 4 декември)

Овен

Опуштени сте и пред вас е седмица во која нема да имате премногу обврски. Сега работата не ве оптоварува. Пред вас се можности да започнете врска која би можела долго да трае. Подготвени сте да дадете сè од себе за да ја израдувате саканата личност. Немате проблеми кога станува збор за здравјето. Ве очекува период во кој ќе имате голема внатрешна енергија поради што ќе се чувствувате многу добро. 

Бик

Сега ќе имате можност да промените важни работи во деловното опкружување, па треба да ја искористите. Може да се надевате на позитивни околности и среќен крај. Пред вас е поволна недела за почеток на врска со личност која долго време сака да се зближи со вас. Ќе ви биде малку полесно да ги покажете вашите чувства. Здравјето ви се подобрува и вие сте среќни поради тоа. Ако сте имале проблем од минатото, сега е добро време да го решите постепено - чекор по чекор.

Близнаци

Соработка со странство ќе ви отвори нови врати за постигнување деловен успех. Подготвени сте да ризикувате на деловен план за да постигнете добри резултати.

Уживате во паралелно флертување и убаво е кога добивате големо внимание од припадниците на спротивниот пол. Полни сте со позитивна енергија и се чувствувате добро во сопствената кожа. Во текот на неделата не треба да очекувате проблеми или какви било компликации кога станува збор за здравјето.

Рак

Во природата на вашиот знак е да сакате секаде да се чувствувате како дома. Финансиите се подобри и вие сте среќни и задоволни поради тоа. Имате доволно мотивација да бидете посветени на работата и да ги постигнете своите цели на ова поле. Можно е да постои личност за која се грижите, но сепак не ви е лесно да се отворите. Ви се истакнуваат проблемите поврзани со жолчката, а можно е да имате и одредена чувствителност на желудникот. Внимавајте на вашето здравје во наредниот период.

Лав

Доколку сега склучите договор поврзан со работата, долгорочно очекувајте да бидете задоволни. Ве очекува период на носење важни одлуки. Партнерот е посветен на вас и уживате да бидете заедно.Склони сте на алергии и вашето здравје би можело да биде чувствително во текот на оваа недела. Ве очекува период во кој ќе имате малку тешкотии на ова поле. Консултирајте се со лекар.

Девица

Може да очекувате успеси на деловен план, ќе успеете да завршите голем број обврски и ќе бидете многу ефикасни. Подготвени сте да се посветите на работата и обврските. Може да очекувате дека вашата ситуација на љубовно поле ќе биде променлива. Ве очекуваат некои изненадувања, па затоа е важно да бидете подготвени брзо да реагирате. Зголемете го внесувањето на витамини за да го зајакнете имунитетот. Ве очекува фаза во која може да бидете склони кон проблеми кога станува збор за здравјето.

Вага

Среќните околности во кои ќе се најдете ќе ви дадат можност да ја подобрите вашата деловна ситуација. Може да се надевате на позитивна недела кога станува збор за работата. Можно е да имате некои стравувања пред партнерот и вашата врска да е тргнара во погрешна насока. Многу работи ви тежат и имате сè помалку самодоверба. 

Скорпија

Ве очекува недела во која ќе бидете фокусирани на важни задачи. Многу работи сега зависат само од вас и затоа е важно да бидете подготвени активно да им се посветите. Можно е недовербата кон саканата личност да внесе голем немир и нестабилност во врската, па нема лесно да се справите со тоа. кога станува збор за здравјето, во наредниот период е можно да имате проблеми со уринарниот тракт. Можно е да бидете склони кон воспаленија и инфекции. 

Стрелец

Доколку сакате да постигнете деловен успех, потребно е сериозно да се посветите на работата и да ги прифатите обврски кои ви се наметнуваат. Не бегајте од работа. Можно е да одлучите да се оддалечите на одредено време од партнерот. Потребен ви е одмор и време за размислување за да можете да одлучите што сакате. Нервниот систем ви е чувствителен. Во наредниот период може да бидете склони кон здравствени проблеми. Обидете се да избегнете стресни ситуации.

Јарец

Постојат добри шанси да се вработите доколку барате нова работа. Може да очекувате  добри прилики во наредниот период. Посакувате емотивни промени, бидејќи не сте задоволни од сегашниот партнер. Ве очекуваат тешки околности кога е во прашање љубовта, нема да бидете задоволни. Болките во грбот можат да ви бидат проблем. Доаѓа фаза во која ќе уживате во физичка активност и вежби за 'рбетот.

Водолија

Ја имате потребната поддршка на деловно поле и може да очекувате да видите важни промени. Ќе успеете да ги остварите вашите планови, иако не се надевавте на тоа. Подготвени сте да ѝ покажете на личноста која ви се допаѓа какви се вашите чувства и намери кон неа. Ве очекува поволна недела за почеток на нова емотивна врска. Ќе уживате во физичка активност и ќе се чувствувате добро кога сте во движење. Спортувањето ќе ви биде од големо значење.

Риби

Избегнувајте големи вложувања и внимавајте со парите, бидејќи е можно да бидете оштетени. Подгответе се да бидете попасивни на деловен план. Покажете му на партнерот дека сте подготвени да му се посветите и бидете топли и нежни како порано. Ве очекува период во кој би можеле да ја подобрите врската. Избегнувајте да пиете алкохол, може да има многу негативно влијание врз вашето здравје. Пред вас е период во кој ќе бидете чувствителни на вируси и склони кон намален имунитет.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе