Неформални собирачи на отпад: Секојдневно ни ја вршат селекцијата на отпадот, а заедницата ги отфрла

Од 3.000 до 5.000 луѓе во земјава ги заработуваат средствата за егзистенција од селекција на комуналниот отпад по контејнерите низ градовите. Поради ниското ниво на свест кај граѓаните, примарната селекција на отпадот не се врши во самите домаќинства, пластичните ќеси полни со ѓубре ги фрламе во контејнерите, по што неформалните собирачи на отпад поминуваат и ги двојат хартијата, пластиката, металот, лименките од измешаниот комунален отпад фрлен во контејнерите. Дури 90% од селекцијата на отпадната пластика во земјава ја вршат токму овие луѓе.

Фото: МЕТА

И покрај тоа што вршат важна општествена улога во заштита на животната средина, неформалните собирачи на отпад во земјава се отфрлени од целата заедница. Приходите од селектирањето на отпадот постојано варираат од цените на отпадните материјали на берзата и годишното време, работат непријавени без пензинско и здравствено осигурување и се предмет на уцени од дел од откупувачите на отпадот, додека за да заработат за живот со себе, во работењето ги вклучуваат и нивните малолетни деца.

Борче Кузмановски, програмски координатор во Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go Green за Мета.мк вели дека неформалните собирачи на отпад секојдневно се соочуваат со неизвесност колкава количина на селектиран отпад ќе соберат. Тие мораат да се насочуваат кон селекција од еден на друг вид отпад, со цел да го исполнат дневното количество на собран отпад, кое со продажба во откупните центри им обезбедува средства за живот.

Фото: МЕТА

„Доколку не се селектира отпадот на местото на негово создавање, отпадот ќе заврши во контејнерите за комунален отпад и кој многу често е измешан со опасниот отпад а потоа знаејќи дека кај нас всушност и нема секундарна селекција ќе заврши на депонија. Од депонираниот материјал отпад се создава отровна материја која оди до подземните води, значително ги загадува подземните води и директно влијае на здравјето на граѓаните кои живеат во околните места“, вели Борче Кузмановски.

Токму поради ова, Здружението Go Green од јули до декември лани ја спроведоа иницијативата „Селектирам“, со која во 50 колективни згради во Скопје поставија садови за селекција на отпад. За овој период, од 1.750 домаќинства се собрани 2.500 килограми пластика и 4.500 хартија, која наместо да заврши на депонија, беше вклучена во процесот на рециклажа. И она што е најважно, во транспортот на селектираниот отпад беа вклучени неформални собирачи на отпад, кои добиле средства за сработениот дневен ангажман.

Фото: МЕТА

Овој пилот-проект во Скопје е само увертира на претстојната иницијатива на Здружението за економски развој на Ромите РЕДИ, која ќе започне од септември годинава. Тие основаа социјално претпријатие кое се стекна со лиценца за транспорт и собирање на безопасен отпад. Изработен е бизнис модел, кој ќе овозможи формално вработување на пет собирачи на отпад во првата фаза, но и самоодржливост на проектот.

„Првично влеговме со идејата да го решиме проблемот со неформалните собирачи, односно да бидат формални собирачи. Сепак, ние решаваме низа на останати проблеми, тоа е заштита на животната средина, развивање на свеста на граѓаните за примарна селекција, како и за значењето на целото тоа селектирање и реупотребата на секундарните суровини“, вели за Мета.мк Асиб Зекир, управител на социјалното претпријатие REDI Recycling.

Тој додава дека во првата фаза од проектот ќе бидат вклучени 400 колективни згради во Скопје, кои ќе можат да пројават интерес за вклучување во проектот преку јавниот повик што ќе го објави РЕДИ на крајот од летово. Оние жители што ќе бидат заинтересирани да се вклучат во него, ќе добијат садови за селекција на отпадот во објектите, при што собирачите на отпад со електрични трицикли ќе поминуваат редовно да ги празнат селектираните материјали.

Во првата фаза, со проектот на REDI Recycling би се собирале годишно околу 250 тони селектиран отпад. Во следната етапа од оваа иницијатива, би се вршело сортирање и третман на собраниот отпад, а за во третата фаза, од социјалното претпријатие размислуваат и за сопствена рециклажа, односно преработка на селектираниот материјал. Бројот на луѓе вклучени во проектот треба постепено да се зголемува, но од РЕДИ бараат соработка и од граѓаните на Скопје, но и од општинските власти.

Асиб Зекир вели дека треба да имаат состаноци со општинските власти од Карпош и Аеродром, на која би ги замолиле градоначалниците да обезбедат прикладно место за чување на електричните трицикли, каде што би можеле и да ги наполнат овие превозни средства со електрична енергија. Исто така, тие би побарале од општините простор, односно локација каде привремено би се чувале собраните секундарни суровини од терен, кои еднаш неделно со поголемо возило ќе бидат транспортирани до рециклаторот.

Според управителот на REDI Recycling, најголемиот проблем на неформалните собирачи на отпад во моментов е вклучувањето на децата при процесот на селекција на комуналниот отпад. Поради отсуството од училиште, децата го занемаруваат образовниот процес и тоа би ги довело во иднина, овие млади лица да се вклучат во неформалната селекција за да заработат за живот.

„Размислувавме за тоа да отвориме еден конзорциум од невладини организации коишто работат во различни области, меѓутоа би биле подготвени да им дадат поддршка на овие неформални собирачи во сите области. Пример, доколку детето се соочи со низа проблеми во образование, тогаш да има организации кои би можеле да го решат тоа“, објаснува Асиб Зекир.

Вториот голем проблем на неформалните собирачи на отпад е неизвесната егзистенцијална иднина кога овие лица ќе остарат. Бидејќи немаат официјално работен стаж, тие ќе немаат ниту право на пензија.

Фото: МЕТА

„Проблем е тоа што всушност тие денеска можеби ќе заработат, меѓутоа утре не е сигурно. Доколку тоа некако го осигуриме, нивните приходи, тоа е друг проблем што се решава. Они нема да имаат потреба да ги вклучат нивните деца за постигнатата количина и би биле самоодржливи меѓутоа и осигурани во однос на нивната иднина и сегашноста во која живеат“, нагласува Зекир.

Тој додава дека третиот горлив проблем на овие лица е секојдневната дискриминација со која се соочуваат. Неформалните собирачи на отпад се маргинализирана група, која постојано во контактот со институциите и со другите граѓани се осеќа помалку вредна од останатите граѓани.

„Издигнувањето на идентитетот и достоинството сметам дека тоа е доста круцијален сегмент во целата иницијатива, за да може тие лица да имаат подобра интеграција во целото општество. Да имаат сличен, малтене и ист став луѓето кон нив, меѓутоа и тие луѓе кон останатите“, вели управителот на REDI Recycling.

Ова социјално претпријатие, во соработка со Здружението Go Green, апелираат до граѓаните да ги поддржат во проектот за селекција на отпадот и за формализирање на селектирачите на отпадот во нашата заедница. Штом ќе биде објавен јавниот повик за пријавување на станбените згради, граѓаните масовно да ги пријават своите влезови од зградите и веќе од есенва да почнат со примарна селекција на отпадот што самите тие го создаваат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе