Негативни резултатите за двајцата тестирани вчера, денеска тестирана уште една жена

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Резултатите на двете лица кои беа тестирани вчера за корона вирус се негативни, а од утрово е тестирана уште една жена за која се чекаат резултатите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Резултите за двајцата пациенти од вчера се негативни. Негативен е резултатот и кај возачот кој го упраувал комбето со кое се превезувала пацинетката кај која е утврден коронавирусот, кој пак и понтаму ќе остане во домашна изолација се до 14-от ден кога завршува инкубацијата, а после лекарите ќе одлучат дали повторно ќе се тестира. Негативен е тестот и кај лицето кое се јавило преку виничкиот Здравствен дом и се тестирал на штипското инфективно одделение, а кој избега вчера и замина дома, појасни министерот Филипче.

Жената која денеска се јавила со симптоми била во регионот на Северна Италија и пристигнала во земјава на 26 февруари без симптоми. Пристигнала со индивидуален превоз со уште еден член од семејството. Утрово со симптоми се пријавила на Инфективната клиника, изолирана е согласно процедурите и во текот на денот се чекаат резултатите.

Во карантин се четири лица и оние девет кои патуваа со пациентката која е на Инфективната клиника и е во добра општа состојба, втор ден нема температура.

Информациите со кои располагаат во конзултатот во Италија е дека нема македонски граѓани кои живеат во северниот регион заболени со корона вирусот и дека некој е во карантин, но не се знае и точната бројка на оние што доаѓаат од овој регион во земјава.

-Утрово разговарав со конзулот во Северна Италија. Немаме податоци дека имаме заболени наши во Северна Италија или наши во карантин. Конзулот ме информираше дека треба сите што планираат да патуваат од тој регион да го контактираат и тој да најави во земјава. Тука дојдоа неколку комбиња и автобуси, но не може да бидеме сигурни дека сите се најавуваат. Има одредена бројка кои се најавени, но има и некои кои не се најавуваат, но процедурите важат за сите, истакна Филипче.

Упати апел до сите да ги почитуваат советите. Доколку немале симптоми, а потоа развиле да се јават на некои од броевите во центрите за јавно здравје за да не шетаат во здравствени установи, а во инфективните одделенија имаат одреден проткол како се пречекуваат.

Во однос на оние за кои е одредена изолација упати апел да не креваат паника, бидејќи тоа е за нивно добро, за доброто на ивните членови на семејството, за сите луѓе во непосрдна близина, затоа што така се чува здравјето на сите.

За препораката за откажување на јавни собири, рече дека апелот важи за сите, особено за оние каде се собираат голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе