Неидентификуван летачки објект над Ново Мексико

Пилот на авиокомпанијата American Airlines од Феникс, САД, преку радио искоментирал дека неидентификуван предмет летал над авионот над американската сојузна држава Ново Мексико во неделата.

Кусо по 13:00 часот по локално време, пилотот објавил: „Дали имате ваши цели горе? Тукушто забележавме нешто над нас“. Радиопреносот е снимен од блогерот Стив Даглас и прикачен на неговиот блог Deep Black Horizon.

– Мразам што го кажувам ова… Изгледаше како долг цилиндричен објект што изгледаше скоро како крстосувачка ракета и се движеше навистина брзо. Одеше токму над нас, изјави пилотот.

Даглас, за весникот Arizona Republic, рече дека снимањето на радиосигналот бил чиста случајност.

Американската авиокомпанија American Airlines потврди дека радиопреносот е од нивен лет.

– По разговорот со екипажот на летот и добиените дополнителни податоци, може да потврдиме дека овој радиопренос е од летот 2292 на American Airlines на 21 февруари, се наведува во соопштението на компанијата.

На претпоставките дека се работи за ракета, Скот Стернс, директор за јавни работи на ракетната агенција White Sends, на југот на Ново Мексико, одговара дека полигонот не спроведувал ракетни тестови во неделата и дека „никогаш не тестираат на тоа подрачје“. Стернс, исто така, нагласи дека комуницирал и со воздухопловната база Холоман, којашто, исто така, се наоѓа на југот на Ново Мексико, па и „тие немале ништо таму горе“ тој ден.

Огранокот на ФБИ за Ново Мексико не одговори веднаш на барањето за коментар.

Во 2018 година, пилоти над јужна Аризона забележаа неидентификуван летачки објект на небото северно од Тусон, потсетува Arizona Republic.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Чек дис аут

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе