Некогаш важеше за секс икона, денес никој не може да ја препознае

Американската актерка Хедер Локлир можеби е најпозната по улогата на Семи Џо од серијата „Dynasty“ (1981-1989), како и по улогата на Аманда во „Melrose Place“ (1993-1999).

Важеше за секс симбол во тоа време, четири пати беше номинирана за Златен глобус, но денес за неа најчесто пишуваат таблоиди и ја следат папараци бидејќи не може да си го доведе животот во ред.

Сè до почетокот на 21 век на актерката добро ѝ одеше во кариерата, но потоа продуцентите престанаа да ја бараат за проекти. Во медиумите остана како ѕвезда на серијата „Melrose Place“ и како жена на која ѝ завидуваа другите жени.

Локлир беше мажена за Томи Ли од кого се разведе во 1993 година, а потоа се омажи за гитаристот Ричи Самбор. По вториот развод во 2006 година почнаа проблемите.

Актерката беше уапсена во 2008 година во Калифорнија поради возење автомобил во алкохолизирана состојба. Тестовите покажаа дека покрај алкохолот употребувала и опијати. На почетокот на 2017 година повторно отиде на лекување во центар за одвикнување од алкохол и дрога.

Папараците неодамна ја фотографираа 59-годишната Хедер која ниту малку не наликува на жената којашто ја многумина ја паметат. Таа никогаш нема зборувано пред медиумите за личните проблеми, но папараците постојано ја следат.  Многу ретко се појавува во јавноста, но кога ќе се појави сите ги шокира со изгледот.Неодамна беше фотографирана без шминка во друштво со свршеникот Крис Хејсер.

Некогаш се наоѓаше на листите со најубави жени, но денес е сенка на тоа што некогаш беше поради зависностите и пластичните операции.

 

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе