Некои од најубавите фотографии од Земјата што НАСА ги има направено
Американската вселенска агенција НАСА ги објави најубавите фотографии од планетата Земја.
По повод Денот на планетата Земја, НАСА ја повика јавноста да одбере најдобра фотографија од Земјата, објавени во онлајн магазинот Earth Observatory. По гласање од пет круга конечно е прогласена победничката фотографија. Станува збор за фотографија направена од експерт од Универзитетот на Јужна Флорида во 2001 година, кога фотографирал песок и морска трева на Бахами со помош на сателитот Landsat 7. Тоа што го гледате е сцена направена од плимата и океанската струја.
Во галеријата ќе ги погледнете и фотографиите од финалниот круг на натпреварот.