Неколку причини зошто треба да одгледувате растенија во вашиот дом

Внесувајќи растенија во домот, го оживуваме и разубавуваме просторот, но тоа не е единствената причина зошто треба да ги одгледуваме.

Растенијата позитивно влијаат на физичкото и менталното здравје на луѓето, нè приземјуваат и нè учат на природните животни циклуси.

Ви ги претставуваме трите најважни причини зошто треба да одгледувате растенија во вашиот дом.

Го намалуваат стресот

Иако стресот е генерално добар за луѓето, ако сме премногу долго изложени на него станува штетен за нашето здравје. Една јапонска студија од 2010 година ги истражуваше ефектите на древната јапонска техника Шинрин-јоку (шумско капење) и докажа дека престојот во природа го намалува нивото на стрес, срцевиот ритам и крвниот притисок, а има и релаксирачки ефект. Бидејќи повеќето од нас не можат или не сакаат да поминуваат поголемиот дел од нашето време во шума, со внесување растенија во ентериерот создаваме природна оаза што нè смирува. Исто така, Journal of Physiological Anthropology објави студија која докажува дека интеракциите со растенијата кои вклучуваат пресадување, кастрење и наводнување на растенијата имаат смирувачки и позитивен ефект врз здравјето на луѓето.

Го подобруваат квалитетот на воздухот

Уште во осумдесеттите години од минатиот век, НАСА објави истражување кое докажува дека домашните растенија го чистат воздухот од испарливите органски соединенија и со тоа го подобруваат квалитетот на воздухот што го дишеме. Апликацијата Plant Life Balance е мобилна апликација со која лесно можете да дознаете колку растенијата што ги имате го прочистуваат воздухот во вашиот дом, но исто така и колку растенија би биле потребни во просторија со одредена големина за да го направите воздухот почист.

Ги зголемуваат креативноста и продуктивноста

Кога сме опуштени, ни доаѓаат најдобрите идеи, и токму затоа што растенијата нè смируваат и го намалуваат стресот, тие исто така придонесуваат за нашата креативност, но и за продуктивноста. Истражувањето спроведено од Texas A&M покажа дека саксиските растенија во канцелариите помагаат да се генерираат нови идеи, да се решат проблемите и да се зголеми концентрацијата на вработените.

Најчести грешки што ги правиме со растенијата во домот

Наводнување на растенијата и нивното позиционирање во однос на светлината се најважните фактори за нивно успешно одгледување. Но, токму ова се аспектите во кои многумина од нас потфрлаат. Сепак, секое растение е различно и бара различно ниво на нега и внимание. Затоа, слушнете ги овие совети и научете како најдобро да се грижите за вашите зелени пријателчиња.

Remote video URL
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Живот

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Read more

Како да препознаете квалитетни јајца?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе