Нема повеќе бесплатно гледање во 4K на YouTube - ќе мора да се претплатите

Наместо да ја подобри Premium услугата, YouTube одлучи да им го влоши гледањето на корисниците кои не плаќаат.

После пет реклами една по друга пред почеток на видеата, корисниците сега се жалат дека YouTube онеспособил прикажување видеа во 4K за корисниците кои не се претплатени на YouTube Premium услугата.

На Reddit и Twitter некои корисници приметија дека на iOS уредите, како и на други платформи, YouTube бара од корисникот да е претплатен на Premium услугата за да може да гледа видео снимки во 4K резолуција.

Сите корисници сѐ уште не гледаат блокада на 4K опцијата во опциите за подесување на квалитетот на видеата, па не е јасно до овој момент колку истата е распространета. Се сомневаме дека станува збор за тест, бидејќи во моментов нема ништо за тестирање - YouTube едноставно сака да му платиме за да гледаме видеа со 4K квалитет - па веруваме дека оваа одлука наскоро ќе стигне и до нас.

Стандардниот YouTube Premium чини 8,49 долари месечно (речиси 530 денари) кој доколку го активирате добивате едномесечен бесплатен пробен период. Овој пакет вклучува репродукција во позадина и можност за преземање снимки за гледање надвор од мрежата. Постои и семеен пакет кој чини 12,99 долари месечно (809,44 денари) и на кој можете да додадете до 5 членови на семејтсвото (над 13 години). Има и трет Студентски пакет наменет за студенти што ги исполнуваат условите кои треба да ги потврдат секоја година. Овој пакет чини 4,99 долари месечно, или 311 денари.

За една година стандарден Premium пакет треба на YouTube да му платите 6.348,48 денари, за Семејниот пакет 9.713,28 денари, додека за Студентскиот 3.731,28 денари.

Тагови
реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе