Необичниот улов кај Австралија отвора прашања: Нов вид или само чудна ајкула?

Експертите не се сигурни на кој вид ајкули припаѓа суштеството кое рибар го улови крај Австралија и чии слики ги постави на социјалните мрежи. Не се исклучува ниту можноста да се работи за сосема нов вид.

Љубител на риболовот кој на социјалните мрежи се претставува како Трапмен Бермаги на 12 септември годинава од морските длабочини извлекол необично суштество во близина на сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс. Неочекуваниот улов го овековечил и го споделил со своите следбеници на интернет, а на фотографиите може да се види ајкула со испакнати очи и уста која изгледа како да се смее додека од неа виреат ситни заби.

Иако на фотографиите се приметуваат многубројни детали како грубата кожа на мртвата ајкула, големиот зашилен нос, испакнатите очи и многуте заби налик на ситни игли, ни експертите ни лаиците не можат да се согласат за тоа на кој вид точно припаѓа оваа риба. Многумина испратија коментари дека рибата припаѓа на видот бразилски ајкули или на гоблин ајкулите. Меѓутоа, Бермаги не се согласува со нивните претпоставки и откри дека според неговото мислење припаѓа на видот малоперкасти ајкули (Centrophorus moluccensis).

Дека се работи за редок вид говори и податокот што ниту научниците не можат да се сложат за кој вид точно со работи. Директорот на лабораторијата за ајкули при Државниот универзитет Калифорнија, Кристофер Лу, вели дека него оваа риба го потсетува на ајкула која живее во длабочините околу Австралија - Dalatias licha (китефинска ајкула). Меѓутоа, додава и дека е тешко да се одреди на кој вид му припаѓа бидејќи не ѝ се гледа целото тело, како и дека постои можност да се работи за досега неоткриен вид: „Цело време откриваме нови видови ајкули од длабочините и многу од нив изгледаат слично една на друга“, вели тој.

Додека морскиот биолог од Државниот универзитет на Флорида, Дин Граб, понуди различно мислење, сомневајќи се дека рибата наликува на видот од родот грубокожна кучериба - Centroscymnus ovstonii. Сепак, други екперти, како Брит Финучи од новозеландскиот Национален институт за истражување вода и атмосфера, веруваат дека Трапмен можеби и бил во право.

Тагови
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе