Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Вселенски отпад којшто влегува и паѓа во атмосферата на Земјата создаде „мистериозно светлосно шоу“ за набљудувачите на небото во Јужна Калифорнија кон крајот на минатата недела.

Хаиме Ернандес во Сакраменто ја снимил сцената со својот мобилен телефон. Примамливо објаснување за ваквите глетки обично се вонземјани, НЛО итн., но стручњаците велат дека всушност се работи за делови од стара комуникациска опрема од Меѓународната вселенска станица, што горела и скоро согорела при влегувањето во атмосферата.

„Ова што го гледате се всушност многу мали објекти коишто ослободуваат многу енергија, се наоѓаат високо и патуваат исклучително брзо, појасни американскиот астрофизичар Џонатан МекДауел.

Ваквите сцени се вообичаени, но луѓето не ги забележуваат често бидејќи обично се случуваат над океаните. Овојпат, се чини, несогорените парчиња случајно паднале некаде околу Националниот парк „Јосемити“ во Калифорнија.

Remote video URL

Според стручњаците, проблемот ќе се влошува, бидејќи сателитите ќе бидат сѐ повеќе на број - планирани се повеќе од 50.000 нови сателити до 2030 година. Научниците ги повикуваат производителите и корисниците на сателити во иднина да го отстрануваат и одговорно и соодветно да го складираат својот отпад.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Вести

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Read more

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Read more

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Read more

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Read more
 

Гик

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Читај повеќе

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Читај повеќе

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Читај повеќе
  • play_arrow

Роверот Perseverance сними вител од прав на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонија произведе робот висок 4,5 метри, чини 3 милиони долари

Читај повеќе

Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно истражување откри која песна е најрелаксирачка

Читај повеќе