На автопатот А3 во Баварска се случи сообраќајна несреќа во која камион удри во возила на американската војска. Има и повредени.
Се претпоставува дека загина возачот на камионот, а војската соопшти дека засега нема повредени меѓу американскиот персонал. Осум војници се пренесени во болница на преглед.
Според полицијата, кога се случила несреќата, возилата на американската војска биле на спротивната лента на автопатот.
Шлеперот свртил на страна и удрил во конвојот по што неколку воени возила се запалиле.