Netflix го објави трејлерот за новиот документарец „American Murder: The Family Next Door“ во режија на Џени Попливел.
Филмот го составува мозаикот за исчезнувањето на Шанан Вотс и нејзините две малолетни ќерки од Фредерик, Клорадо во 2018 година.
Документарците за злосторства неретко се контроверзни, а во поново време знаат да навлезат предлабоко во интимата. Денес, кога скоро сите објавуваме многу приватни нешта на социјалните мрежи, филмските екипи имаат многу поголем увид и материјали за користење во ваквите документарци.
Во „American Murder“ се користени објави на социјалните мрежи, записници и снимки од полицијата, како и домашни видеа, за да се состави приказната за „финиот убиец“ - Крис Ватс. Јавноста го следеше развивањето на неговата мрачна тајна, од загрижен сопруг до ладнокрвен убиец на неговата бремена сопруга и двете деца.
„American Murder: The Family Next Door“ ќе има премиера на Netflix на 30 септември.