Netflix објави трејлер за мини-серијата Echoes
Новата мини-серија „Echoes“ е трилер мистерија за две сестри близначки кои делат опасна тајна. Уште од деца Лени и Џина често тајно си ги менувале улогите, што потоа колминирало во тоа да имаат двојни животи како возрасни личности: делат два дома, два сопруга и едно дете. Но, нивниот двоен перфектен свет ќе почне да се руши кога една од близначките ненадејно ќе исчезне.
Мини-серијата ќе почне да се емитува на Netflix од 18 август.