Netflix одбива да го тргне контроверзниот еротски филм „365 Days“ од репертоарот

Стриминг гигантот Netflix одбива да го отстрани полскиот еротски филм „365 Days“ од својот репертоар, иако не престануваат жестоките критики за содржината на филмот.

Филмот некои критичари го квалификуваа како „меко порно“

Исто така почната е петиција на Change.org во која се наведува дека филмот „го промовира глорифицирањето на културата на силување, го олеснува и тривијализира насилството врз жените и трговијата со луѓе“.

Полската еротска драма е најгледаната содржина на популарниот стриминг сервис. Филмот што некои критичари го квалификуваа како „меко порно“, е приказна за млада жена која е заробена и „има една година“ да се заљуби во шефот на сицилијанската мафија кој ја опсипува со подароци, ја носи на патувања и се обидува да ја освои.

Remote video URL

Многу јавни личности гласно зборуваат за штетното влијание на филмот, а една од најжестоките поборнички е велшката пејачка Дафи која напиша отворено писмо до Netflix, осудувајќи го прикажувањето на филмот како „немарно и опасно“.

„Многу ме растажува фактот дека Netflix им дава платформа на ваквите ‘филмови’ кои го претставуваат киднапирањето како нешто еротско, а сексуалното насилство и трговијата со луѓе погрешно ги прикажуваат како ‘секси филм’“, напиша Дафи во писмото и додава жртвите на трговија со луѓе најчесто се невидливи и сега нивното патење се прикажува како „еротска драма“.

Дафи неодамна јавно го сподели нејзиното потресно искуство - дека била дрогирана, киднапирана и силувана и заради тоа ја прекинала кариерата и се повлекла од јавноста.

Филмот „365 Days“ е базиран на првиот роман од истоимената трилогија на Бланка Липињска и имаше премиера во кината во Полска на 7 февруари годинава. Netflix го откупи филмот и го стави во својот репертоар кон средината на јуни, од кога почна да привлекува огромно внимание.

Netflix не ги коментира критиките за филмот и засега одбива да го тргне од платформата.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе