НБА 2019/20

Нетс и Меџик ги обезбедија последните две места во плеј-офот на Истокот

Сликата за плеј-офот во НБА лигата почна да се разјаснува откако Бруклин Нетс и Орландо Меџик ги обезбедија последните две плеј-оф места во Источната конференција.

Нетс ги совладаа Сакраменто Кингс со 119-106. Разликата достигна 23 поени во еден момент, а седум кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. Најкорисен за победниците беше Карис Леверт со 22 поени. Богдан Богдановиќ постигна 27 поени за „кралевите“.

„Магичните“ обезбедија место во плеј-офот и покрај тоа што загубија од Филаделфија 76-ерс со 101:108. Сепак, „волшебниците“ од Вашингтон загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 107:118 и тоа му овозможи на Орландо да обезбеди пласман во плеј-офот.

Еван Фурние заврши со 22 поени за Меџик, но тројца играчи на Фили постигнаа најмалку 20 во лицето на Тобајас Харис, Ал Хорфорд и Џоел Ембид во отсуство на Бен Симонс.

Така, Бруклин и Орландо ќе бидат на 7-то или 8-то место на Истокот. Пред нив, пласман во плеј-офот обезбедија и Милвоки Бакс, Торонто Рапторс, Бостон Селтикс, Мајами Хит, Филаделфија 76-ерс и Индијана Пејсерс.

Осмопласираниот ќе игра со број 1 на конференцијата – Бакс, додека седмиот може да влезе во клинч со актуелнот шампион Рапторс, кои, сепак, сè уште не го обезбедиле второто место. Синоќа „диносаурусите“ беа совладани од Бостон Селтикс со 100:122.

Во останатите два натпревари на вечерта, Сан Антонио Спарс ги совладаа Јута џез со 119-111, а Мемфис Гризлис ја запре негативната низа од четири последователни порази во „меурот“ и освои важен натпревар во битката за плеј-офот на Западот, по успехот над Оклахома Сити Тандер со 121: 92.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе