INKAS е компанија која произведува оклопни возила за луѓе кои сметаат дека секогаш има простор за подобрување на заштитата и безбедноста.
Нема да навлегуваме во причините зошто клиентелата на INKAS не се чувствува безбедно, туку во најновата креација на компанијата, блиндираниот Land Cruiser со VPAM VR7 сертификат.
Еве што значи и како изгледа кога ќе активирате 15 килограми TNT покрај голем теренец. VR7 значи дека возилото може да издржи муниција 7,62 × 51, како и 5,56 × 45 муниција. За време на тестирањето, кон оваа Toyota биле испукани 780 куршуми од различен калибар.
Дополнително, INKAS го постигна нивото 2 од сертификатот за заштита од гранати STANAG4569, стандард поставен од НАТО за заштита на патниците во логистика и лесни оклопни возила. Шест кровни гранати, четири подвозни гранати, две нагазни мини и споменатиот TNT биле активирани и не можеле да ја пробијат кабината.
Погледнете низ што помина оваа Toyota.