АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2025

Неуништливиот Ѓоковиќ со спектакуларен пресврт над Алкарас дојде до полуфиналето

Неуништливиот Новак Ѓоковиќ (37) денеска во четвртфиналето на Австралија опен го совлада 16 години помладиот Карлос Алкарас и по маестрален пресврт оствари победа во спектакуларен меч. Беше 3:1 во сетови.

Така, Ѓоковиќ славеше во финалето пред финалето и направи голем чекор кон титулата на првиот Грен слем турнир во сезоната, а во полуфиналето пречка ќе му биде Германецот Александер Зверев.

Ѓоковиќ направи брејк на стартот од денешниот натпревар и поведе со 2:0, но веднаш возврати Алкарас, кој потоа направи пресврт.

Србинот почна да греши и тоа на најдобар начин го искористи Шпанецот, кој го доби првиот сет со пресврт. Клучниот брејк го направи во деветтиот гем, а потоа го потврди за 6:4 и водство.

Слично како и првиот, започна и вториот сет, бидејќи Ѓоковиќ повторно направи брејк, а потоа дојде до големи 3:0, но Алкарас брзо одговори.

Потоа играчите го чуваа својот сервис, па Ѓоковиќ направи брејк во клучен момент. Алкарас сервираше на 5:4 за да остане во сетот, а токму тогаш Ѓоковиќ брејкуваше и го доби сетот со 6:4.

Гледавме спектакуларен тенис и во третиот сет, и двајцата тенисери одиграа брилијантно, но Алкарас се извлече бидејќи спаси бројни брејк топки. Сепак, киксна во шестиот гем и потоа Ѓоковиќ стигна до 4:2, по што го приведе сетот до крај и победи со 6:3 за целосен пресврт.

Ѓоковиќ направи брејк на почетокот од четвртиот сет и го трасираше патот до победата, која на крајот ја оствари со 6:4 во решавачкиот сет.

Remote video URL

За место во другата полуфинална пресметка утре ќе се борат Американецот Бен Шелтон против изненадувањето Лоренцо Сонего (55-ти на АТП) и Јаник Синер против домашниот Алекс Де Минор.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Тенис

Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер

Read more

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Read more

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Read more

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Read more
 

Спорт

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Читај повеќе