Неуспешен обид за обивање на ЗОО Скопје

Денеска директорот на ЈУ „Зоолошка градина“ - Скопје во изјава до јавноста истакна дека синоќа во утринските часови констатиран е обид за обивање на билетарницата и обид за насилен влез во благајната на Зоолошката градина.

„По рекордната посетеност во Зоолошката градина за над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 0:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврата се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, сниманиот поединец останал само на обидот затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош“, истакна директорот Кристијан Стаменов.

Стаменов вели дека ова не е прв обид за нарушување на работата на Зоолошката градина, туку на истиот му претходело неовластен влез на група од 12-ина граѓани, како и обивање на неколку живеалишта на животни и нивно пуштање во кругот на Зоолошката градина.

„Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, дополнително и кај обезбедувањето, по што дополнително е зголемено обезбедувањето во ноќната смена“, посочи Стаменов.

Тагови
реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе