УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Неверојатен потег: Грузиец одби да игра на ЕУРО за да оди како навивач

Филип Здравески
/ 13.06.2024 / 13:24

Ја однесе Грузија на Европското првенство, па одлучи да го одбие повикот на селекторот и да оди во Германија како навивач.

Џаба Канкава е името на грузискиот фудбалер за кој светот слушна откако се пензионираше. Наместо како Тони Крос и како нашиот Горан Пандев пензијата да ја прослави со настап на ЕУРО, тој се реши за неверојатен потег - да се пензионира пред турнирот.

Играчот од дефанзивната средина има 101 настап за Грузија и 10 постигнати голови. Во март наполни 38 години, а еднаш веќе се повлече од репрезентацијата во 2022 година, но потоа се премисли за да ѝ помогне на Грузија во квалификациите за ЕУРО 2024. Грузија со него во тимот го оствари сонот, избори пласман на ЕУРО преку баражите од Лига на нации.

Кога дојде ред селекторот Вили Сањол да го објави списокот на патници за ЕУРО 2024, на него се најде и Џаба Канкава. Но, само два дена подоцна Канкава се јави со одлука дека се повлекува од репрезентацијата и во Германија ќе патува, ама како навивач.

„Сакам нашата селекција да оствари што е можно подобар резултат во Германија и уште еднаш да слави со грузиските навивачи, како што беше на 26 март во Тбилиси. Драго ми е што бев со тимот во полуфиналето и финалето на плеј-офот и станав учесник во оваа историска победа“.

„Сепак, би сакал да ви кажам за мојата одлука што ја донесов по мартовските натпревари: во случај на повик за ЕУРО. На првенството би отишол не како играч, туку како обичен навивач“, шокираше Канкава.

„Би сакал многу да му се заблагодарам на стручниот штаб за довербата што ми ја укажа во март, кога главната цел беше да бидеме заедно и да стигнеме до историскиот пласман. Благодарен сум и за довербата што ја заработив и сега, како од стручниот штаб, така и од навивачите, од кои чувствувам голема поддршка“.

„Јас како навивач ќе навивам за репрезентацијата во Германија и им посакувам успех на 26-те играчи кои ќе се обидат да го бранат името на Грузија на стадионите ширум Германија“, напиша Канкава во својата објава на Instagram, која ја пренесе и Фудбалската федерација на Грузија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jaba Kankava (@jabakankava)

Канкава сѐ уште не најави дали целосно се повлекува од фудбалот или само од репрезентацијата. Од 2021 година на клупски план настапува за Слован од Братислава.

Инаку, Канкава дури 62 пати ја носеше капитенската ленка настапувајќи за Грузија, а ја предводеше својата репрезентација и во баражот кога Македонија избори пласман на ЕУРО 2020.

Дуел на капитените Пандев и Канкава во баражот за ЕУРО 2020
реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Фудбал

Драма на ЕП: Шведската голманка одбрани четири пенали, па стана трагичарка на мечот

Read more

На повидок 3 големи промени во фудбалските правила пред Мундијалот

Read more

Снуп Дог му се придружи на Модриќ - стана ко-сопственик на Свонси

Read more

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Read more
 

Спорт

Драма на ЕП: Шведската голманка одбрани четири пенали, па стана трагичарка на мечот

Читај повеќе

На повидок 3 големи промени во фудбалските правила пред Мундијалот

Читај повеќе

Снуп Дог му се придружи на Модриќ - стана ко-сопственик на Свонси

Читај повеќе

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе