Неверојатна партија на Лука Дончиќ во победата на Далас против Портланд

Далас Маверикс ги совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 117:112 со уште едно одлично издание на нивниот најдобар играч Лука Дончиќ.

По два натпревари во кои имаше под 30 поени, Словенецот уште еднаш беше незапирлив и натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 42 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Да потсетиме, Дончиќ ја отвори сезоната со девет последователни натпревари на кои постигна повеќе од 30 поени, што е втора најдолга ваква серија на почетокот на сезоната во историјата на НБА. Подобар бил само Вилт Чембрлејн, кој врза 23 вакви натпревари пред 60 години.

На мечот со Орландо Меџик, Дончиќ беше запрен на 24 поени, а на следниот против Вашингтон на 22. Далас ги загуби и двете партии, но со уште едно добро издание на нивниот лидер стигна нова победа. Дончиќ стигна до 42 коша со 13/22 од поле и 15/18 од линијата за слободни фрлања.

Remote video URL
Се доближува до Леброн Џејмс

Тоа беше четврти трипл-дабл за Дончиќ во кој постигна најмалку 40 поени. Повеќе вакви ефекти од него во НБА имаат само Оскар Робертсон (22), Џејмс Харден (16), Расел Вестбрук (13), Вилт Чембрлејн (7) и Леброн Џејмс (6).

Спенсер Динвиди додаде 20, а Кристијан Вуд 19 за Маверикс. Џерами Грант (37 поени), Демијан Лилард (29, седум скока, 12 асистенции) и Анферни Симонс (24, седум скока) беа најдобри кај Портланд.

URL
Резултати:

ЛА Клиперс - Бруклин Нетс 95:110

Вашингтон Визардс - Јута Џез 121:112

Детроит Пистонс - Бостон Селтикс 108:117

Индијана Пејсерс - Торонто Репторс 118:104

Филаделфија 76ерс - Атланта Хокс 121:109

Мајами Хит - Шарлот Хорнетс 132:115

Далас Маверикс - Портланд Трејл Блејзерс 117:112

Њу Орлеанс Пеликанс - Хјустон Рокетс 119:106.

Тагови
реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе