Неверојатна снимка: Автомобил погоден од два грома
Видеото ни доаѓа од Русија каде Toyota SUV во движење беше на двапати погодена од гром.
Во сибирскиот град Новосибирск возејќи по автопат Ана Наказних доживеа неверојатна случка. Нејзината Toyota SUV беше во два наврата еден по друг погодена од гром, а настанот снимен од камерата на автомобил кој возеше зад неа.
За среќа нема повредени патници бидејќи новите автомобили имаат вграден систем за одбрана од електрични празнења. Единствена штета што ја направиле громовите е што го испразниле акумулаторот.