Фернандо Торес пред три години ја заврши успешната играчка кариера, но како и многу негови колеги остана во фудбалот.

Работи како помлад тренер на Атлетико Мадрид, но не ја запостави физичката форма. Всушност, 38-годишниот Торес неверојатно го трансформираше фудбалерското тело со редовни посети во теретана.
Денеска Торес повеќе личи на бодибилдер отколку на фудбалер, тренира секој ден, а освен што редовно крева тегови, почна и со бокс. Пред два дена, Шпанецот објави видео од теретана на кое се гледа како го обликува своето тело и ги воодушеви обожавателите кои велат дека е „ѕвер“.
Фернандо Торес почна да игра фудбал во Атлетико Мадрид, за кој во два наврати одигра 392 натпревари и постигна 128 голови. Како 23-годишен, тој во 2007 година отиде во Ливерпул, за кој одигра 172 натпревари и постигна 45 гола со 35 асистенции, пред да се пресели во Челси и да постигне 81 гол и 20 асистенции на 142 натпревари.
За шпанската репрезентација одигра дури 110 натпревари и постигна 38 гола, а кариерата ја заврши во јапонскиот Саган. Од 2021 година го предводи јуниорскиот тим на Атлетико Мадрид.