Неверојатниот Ноле: Со 3 см пукнатина во задната ложа ја освои Австралија

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, потврди дека Ѓоковиќ имал огромни проблеми со повредата на задната ложа, но со натчовечки напори успеал да ја надмине и дури и да го освои овој Грен слем.

Новак Ѓоковиќ се повреди уште пред почетокот на Австралија опен, кога дури и настапот на овој прв Грен слем турнир во сезоната беше доведен во прашање. Поради болки во задната ложа побара пауза на дуелот со Даниил Медведев во полуфиналето од мастерсот со Аделаида, одигран на 7 јануари, како загревање за Австралија опен. Потоа на 11-ти после само 36 минути игра го прекина пријателскиот натпревар против истиот руски тенисер, жалејќи се на истата повреда.

Во неговиот тим напорно работеа на решавање на овој голем проблем. Контактирале разни експерти, а на крајот одлучиле да ја побараат прославената Маријана, која веднаш летнала за Мелбурн и се фатила за работа.

„Многу предизвици се околу Новак поради тоа што добива лоша репутација. Но, на крајот на денот, мислам дека никој не може да ја доведе во прашање неговата атлетска способност. Имаше кинење од 3 сантиметри во задната ложа. Апсолутно, јас ги видов снимките, докторите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не, тешко е да се поверува дека некој би можел да направи такво нешто со ваква повреда. Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално“, рече Тајли, додавајќи:

„Тој е толку фокусиран на тоа што го прави, секоја минута од секој ден. Што јаде, што пие, што прави и како го прави. Нема пореметувања, ни психички, ни во ништо што прави. Помина низ многу за 10 пати да ја освои Австралија опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори. Во последните 15 години, а тој ми вели дека се 14 години затоа што ја пропуштил последната, тоа е извонредно достигнување“, рече директорот на Австралија опен.

Потсетуваме, Ѓоковиќ со победата на Австралија опен се врати на 1. место на АТП ранг-листата и се израмни по бројот на освоени Грен слем турнири со Рафаел Надал, двајцата имаат по 22.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе