Неверојатно откритие: Археолози го најдоа најстариот пештерски цртеж во светот

Според извештајот објавен во списанието Science Advances, најдени се најраните докази за населување на луѓето во регионот.

Максим Ауберт од универзитетот Грифит во Австралија, коавтор на извештајот, вели дека пештерскиот цртеж бил откриен островот Сулавеси во 2017 година од докторскиот студент Басран Бурхан, како дел од истражувањето што тимот го спроведе со индонезиските власти, пишува Guardian.

Пештерата Леанг Тедонгџ се наоѓа во оддалечена долина опкружена со стрмни карпи од варовник, на околу еден час пешачење од најблискиот пат.

Пристапно е само за време на сувата сезона поради поплавување за време на дождовната сезона, а членовите на изолираната заедница Бугис им рекоа на членовите на тимот дека „луѓето од Западот никогаш досега не го виделе ова“.

Димензиите на цртежот се 136 на 54 сантиметри, а дивата свиња е обоена со темно црвен окер пигмент и има грб со накострешени влакна, како и некакви рогови карактеристични за возрасните мажјаци од тој вид.

Има два отпечатока од дланки над задниот дел на свињата и се чини дека тие се свртени кон цртежи на две други свињи, кои се само делумно зачувани, како дел од наративната сцена.

Remote video URL

„Се чини дека свињата ја набљудува борбата или социјалната интеракција меѓу другите две свињи“, рече коавторот Адам Брам.

Луѓето ловеле сулавески свињи десетици илјади години и тие се клучна одлика на праисториските уметнички дела во регионот, особено за време на леденото доба.

Рани миграции на луѓето

Експерт за датирање (одредување на старост) ја идентификуваше наслагата од калцит што се формирала на горниот дел од цртежот, а потоа користеше изотопи за да може со сигурност да каже дека наоѓалиштето е старо 45.500 години.

„Тоа значи дека цртежот е барем исто толку стар, но можно е да е многу постар затоа што датирањето што го користиме го дава само калцитот на него. Луѓето кои го направиле беа целосно модерни, биле како нас, го имале целиот капацитет и алатки за да насликаат какво било слика што им се допаднала“, објасни тој.

Претходно, најстариот датиран цртеж на карпа беше пронајден од истиот тим во Сулавеси. На него е прикажана група делумно човечки, делумно животински фигури кои ловат цицачи, а за нив се утврди дека се стари најмалку 43.900 години.

Пештерските цртежи како овие, исто така, помагаат да се пополнат празнините во нашето разбирање за раните миграции на луѓето.

Познато е дека луѓето стигнале до Австралија пред 65.000 години, но тие веројатно морале да поминат низ островите во Индонезија, познати како „Валасеа“. Откритието сега претставува најстар доказ за постоење на луѓе таму, но експертите се надеваат дека понатамошните истражувања ќе помогнат да се покаже дека луѓето биле во регионот многу порано, со што ќе се реши сложувалката за населувањето на Австралија.

Тимот верува дека уметничкото дело е направено од хомо сапиенс, но не може да потврди со сигурност.

За да направат отпечатоци од дланка, уметниците морале да ги стават дланките на површината, а потоа да го плукнат пигментот, па тимот се надева дека ќе може да извлече ДНК примероци од преостанатата плунка.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе