НБА 2021/22

Незапирливиот Дончиќ ја сокри топката и стана хит

Ноќеска имаше многу богата програма ширум терените во НБА лигата, се одиграа дури 11 натпревари на кои доминираа играчите од екс-ју просторот.

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ зад себе имаат уште една спектакуларна вечер во која ги предводеа своите тимови до триумф.

Неверојатна партија забележа Словенецот Лука Дончиќ во победата на својот Далас на гостувањето кај Кливленд со 120:112.

Дончиќ се истакна со неколку фантастични потези. Во еден напад во кој беше во дуел со Моузис Браун тој ја сокри топката, а потоа поентираше крај збунетиот Браун и со тоа стана хит на социјалните мрежи, а блескаше и со no-look асистенција.

URL

Словенецот постигна 35 поени, 13 асистенции и 9 скока, останувајќи на само еден скок од трипл-дабл ефект.

Remote video URL

Одличен беше и Никола Јокиќ кој продолжи со неверојатни игри и му донесе победа на својот Денвер на гостувањето кај Индијана со 125:118.

Српскиот центар забележа учинок од 37 поени, 13 скока и 9 асистенции, па и тој исто како и Јокиќ беше многу блиску до нов трипл-дабл учинок, недостасувајќи му само една асистенција.

Изненадувањето на вечерта го приреди Мајами, кој славеше на гостувањето кај Бостон со 106:98. Очекувано, Њу Орлеанс го совлада Портланд на гости, додека во многу возбудлив натпревар Феникс го совлада Голден Стејт.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Далас Маверикс 112:120
Индијана Пејсерс - Денвер Нагетс 118:125
Вашингтон Визардс - Орландо Меџик 127:110
Бостон Селтикс - Мајами Хит 98:106
Њујорк Никс - Шарлот Хорнетс 114:125
Торонто Репторс - Минесота Тимбервулвс 125:102
Хјустон Рокитс - Сакраменто Кингс 118:121
Оклахома Сити Тандер - Атланта Хокс 118:136
Сан Антонио Спарс - Мемфис Гризлис 111:112
Голден Стејт Вориорс - Феникс Санс 103:107
Портланд Треил Блејзерс - Њу Орлеанс Пеликанс 107:117

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе