НБА 2021/22

Незапирливиот Јокиќ за само 26 минути донесе нова победа за Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Вашингтон Визардс со 127:109 во „Капитал Уан“ арената во Вашингтон, а нова одлична партија пружи српскиот центар Никола Јокиќ.

Нагетс подобро влегоа во натпреварот и имаа водство по првата четвртина. Немоќна беше домашната екипа и во вториот дел, па предноста постојано растеше, а првото полувреме заврши со резултат 52:73.

И во второто полувреме екипата на Денвер ја држеше играта во свои раце, додека Визардс само во последната четвртина успеаја да го ублажат поразот.

Јокиќ повторно беше незапирлив и стигна до нов дабл-дабл со 29 поени и 13 скока. На тоа додаде 8 асистенции, а интересно е што одигра само 26 минути. Србинот имаше помош од На'Шон Хајленд кој постигна 17 поени. Кај Визардс најдобри беа Дени Авдија со 19 и Кристапс Порзињѓис со 16 поени.

Remote video URL

Денвер е на 6. место во Западната конференција со 42 победи и 28 порази, додека Вашингтон е на 11. место на Истокот со сооднос 29-39.

Од останатите натпревари одиграни синоќа, за одбележување е победата на лидерите на Западот, Феникс Санс, кои го совладаа Хјустон Рокетс на гости со 129:112. Феникс го предводеа Девин Букер со 36 пени, Мајкал Бриџис со 26, а Диандре Ајтон запиша дабл-дабл со 23 поени и 11 скокови.

Remote video URL

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Атланта Хокс 116:106
Кливленд Кавалирс - Филаделфија 76ерс 114:118
Вашингтон Визардс - Денвер Нагетс 109:127
Бруклин Нетс - Далас Маверикс 111:113
Њујорк Никс - Портланд Треил Блејзерс 128:98
Хјустон Рокитс - Феникс Санс 112:129
Минесота Тимбервулвс - Лос Анџелес Лејкерс 124:104
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер 122:120
Јута Џез - Чикаго Булс 125:110
Голден Стејт Вориорс - Бостон Селтикс 88:110
Сакраменто Кингс - Милвоки Бакс 126:135
Лос Анџелес Клиперс - Торонто Репторс 100:103

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе