Контроверзниот Ник Кириос одби да учествува на УС Опен кој започнува кон крајот на август.
Поранешниот бр.13 на ранг-листата на АТП во видео обраќање ја објасни својата одлука да не игра на Грен слем турнирот во Њујорк поради ризикот од инфекција со COVID-19.
Претходно оваа недела Ешли Барти, исто така од Австралија, лидер во рангот кај жените во светот, објави дека нема да игра на „Флешинг Медоус“ заради пандемијата и ширењето на коронавирусот.