Мини крофни налик на уштипци кои брзо се подготвуваат, а полнењето може да биде и по желба, односно да ставите што сакате.
Потребни состојки:
- 150 gr брашно
- 50 gr путер
- 1 шолја вода
- 3 јајца
- 100 gr шунка
- 50 gr рендано сирење
Подготовка:
Во подлабок сад за пржење сипете вода, додадете путер, малку сол, вклучете го шпоретот и измешајте да се растопи путерот. Кога ќе се растопи, додадете го брашното и продолжете со мешањето уште неколку минути. Загреаното тесто префрлете го во сад. Оставете малку да се излади. Додадете по едно јајце и измешајте. На крај додадете рендано сирење и сечканата шунка. Добро соединете.
Загрејте масло во тава, па со лажица извадете ја смесата и спуштете ја во врелото масло. Пржете неколку минути додека парчињата не поруменат од сите страни. Извадете ги на салфетка за да се исцедат од маслото.