Никој не го препозна Брендан Фрејзер

Во петокот, на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк се појави актерот Брендан Фрејзер, којшто во 90-тите години беше на врвот на славата и имаше армија обожавателки. Со години овој актер живее далеку од светот на филмот, па неговото појавување на фестивалот предизвика големо внимание.

Со оглед на тоа што Фрејзер ретко се појавува во јавноста, неговото присуство на фестивалот беше поради промоција на крими драмата „No Sudden Move“. Неговиот изглед ја збуни јавноста, тој изгледа поинаку од тоа што публиката го памети по улогите во „George of the Jungle“ (1997) и трилогијата „The Mummy“. Многумина на Twitter по објавувањето на фотографијата од фестивалот, прашуваат дали актерот има проблеми со здравјето.

Неодамна Фрејзер најави враќање во драмата „The Whale“ во која толкува лик на средовечен маж којшто тежи над 250 кг, живее во Ајдахо и се обидува да се зближи со својата 17-годишна ќерка.

Актерот во 90-тите години беше многу популарен, публиката ја освои со привлечниот изглед и шармантната насмевка. Улогата на Џорџ го прослави во 1997 година, а по деценија успешни улоги реши да го смири темпото на работа. До скоро воопшто никаде не се појавуваше, ниту имаше позначајни улоги.

Во 2010 година практично се повлече од Холивуд, а се појавуваше во помали улоги. Актерот има три сина на кои многу им е посветен.

Како причина за неговото повлекување во ретко интервју за GQ тој изјави дека влијателниот новинар Филип Берк, претседател на Hollywood Foreign Press Association сексуално го нападнал во 2003 година. Иако судски не го тужел, го пријавил на Здружението, но неговите наводи биле игнорирани по што тој со години водел битка со депресија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе