Никој нема да има поволшебна боја: Рецепт за вселенски велигденски јајца

Вапцањето велигденски јајца со чај од хибискус стана сè попопуларно, а доколку го комбинирате со гел боја ќе ги добиете најубавите вселенски јајца.

Вселенски јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи - тајната е во природното вапцање на јајцата со чај од хибискус. Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.

Постојат различни начини за вапцање на јајцата на природен начин. На пример, виолетова боја се добива со варење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја. Кај природниот начин на вапцање важно е да се користат бели јајца, со цел бојата подобро да се прими.

Потребни состојки:

  • 10 бели јајца
  • 80 gr чај од хибискус
  • 1 лажица сол
  • 800 ml вода (400 ml во секој сад)
  • 100 ml алкохолен оцет
  • масло
  • црвена гел боја на јајца (опционално)

Подготовка:

Во лонец ставете јајца и сол и сварете ги на класичен начин. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 грама во секој, а потоа истурете по 400 ml вода и 50 ml алкохолен оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца во секој сад.

Оставете ги јајцата да отстојат во бојата најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермерот. Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја. Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, потоа истурете неколку капки на ракавица и истријте ја бојата на јајцето. Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „вселенски“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло за да блеснат.

реклама

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

Рецепти

Вкусно лиснато со банана и чоколадо: Едноставен десерт готов за 20 минути

Read more

Додадете една состојка додека го пржите џигерот и нема да биде горчлив

Read more

Рецепт на денот: Свински шницли во сос од лимон

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Магазин

Како да ги препознаете навреме симптомите на недостаток на калциум? 

Читај повеќе

Онколог предупредува на првата голтка утринско кафе: Само го зголемувате ризикот од рак

Читај повеќе

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Читај повеќе
  • play_arrow

Колективно лудило: Туристи чекаат со часови за истата фотка од Санторини

Читај повеќе

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинези направија стаклен лифт над кањон за да го скратат патот до училиште за локалните деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Читај повеќе

Зошто е важно во колку вода ги варите тестенините?

Читај повеќе

Вкусно лиснато со банана и чоколадо: Едноставен десерт готов за 20 минути

Читај повеќе