Никол Шерзингер и бугарскиот тенисер Григор Димитров се забавуваат во Сен Тропе
Пејачката Никол Шерзингер ужива на одмор во Сен Тропе со дечкото, бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Двојката беше вистинска атракција во елитното летувалиште и рај за папараците кои ги фотографираа 40-годишната Шерци и 27-годишниот Димитров како се бањаат, се забавуваат на јахта и се шетаат фатени за рака на плажа.
Шерзингер изгледаше фантастично во едноделен бел костим за капење, а и Димитров го покажа мускулестото тело. Двајцата се забавуваат од крајот на 2015 година, а јавноста знае за нивната врска од јануари, 2016 година.