Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Американската пејачка и актерка Никол Шерцингер моментално ужива на одмор на Хаваи, нејзиниот роден остров, по напорниот период со настапот на Бродвеј.

Шерцингер на Хаваи позираше во црно бикини кое одлично ја истакна нејзината витка линија и обликувани стомачни. Заедно со бикините, носеше црн елек со необичен дезен, кој го комплетираше нејзиниот опуштен, летен изглед.

„Има нешто посебно во љубовта, поврзаноста и благодарноста. Се чувствувам неверојатно благодарна што успеав да ја направам првата вистинска пауза од моите должности на Бродвеј и да ги наполнам батериите“, напиша пејачката на својот Instagram профил.

Исто така, Никол ја сподели хавајската изрека „A'ali'i ku makani“, што значи „да се застане цврсто на ветрот“. Оваа изрека ја симболизира силата и еластичноста и се однесува на растението a'ali'i, кое е познато поради неговата способност да преживее дури и во најтешките услови.

Никол ја заврши објавата со испраќање молитви и поддршка на погодените од неодамнешните пожари во Лос Анџелес, зборувајќи за важноста на заедништвото во тешки времиња.

Иако е позната по својата музичка кариера, Шерцингер во последните месеци беше во центарот на вниманието поради нејзината извонредна изведба во мјузиклот „Sunset Blvd on Broadway“.

Таа го толкува ликот на легендарната филмска ѕвезда Норма Дезмонд, чиј лик претходно го толкуваше познатата Пети ЛуПоун, а подоцна и Глен Клоуз. Никол ја презеде оваа предизвикувачка улога во 2023 година и набрзо освои признанија, вклучувајќи ја и престижната награда Лоренс Оливие за најдобра актерка во мјузикл.

Зборувајќи за својата кариера, Никол призна дека и покрај тоа што постигнала голем успех на сцената, на почетокот се чувствувала како да е „отфрлена“ од индустријата поради нејзината поп позадина.

„Имам 46 години. Никогаш не сум била посилна - физички, ментално, емоционално. Јас сум во цутот. Нема подобро време за мене да создавам дела кои се важни на овој свет. Тоа е трагедија, на најдоброто место си во својот живот“, неодамна изјави пејачката.

реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Read more

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Read more

Музика

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Read more

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Read more

Селин Дион се враќа на сцената, закажани концерти

Read more

Нови детали од истрагата: Во киднапирањето на Кајмакоски биле вклучени лица што ги познава

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе