Николоски: Душмански е јас да го прекинам договорот со „Бехтел и Енка“, Владата на СДСМ и ДУИ веќе им исплати 240 милиони евра

Декласифицирање на договорот со „Бехтел и Енка“ и барање да изградат што е можно повеќе километри автопат е планот на новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски за најскапата зделка на претходната Влада. Николоски вели дека нема да го раскине договорот иако со месеци, како опозиционер, алармираше дека е коруптивен. Сега вели дека Обвинителството е на потег за сомнежите за корупција, а нему како министер главна битка во годините што следуваат ќе му биде државата да добие што е можно повеќе километри автопат во рамките на истата финансиска сума.

„Јавноста треба да знае дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ веќе има исплатено 240 милиони евра за буквално ништо, односно за таканаречени подготвителни работи, односно работи кои што не ги гледаме. Мислам дека ќе биде недомаќински однос кон македонскиот буџет, ако сакате и душмански, јас сега да го прекинам договорот, а тие средства да се веќе кај изведувачот и нормално не може да се вратат. Изведувачот може и да тужи и да побара арбитража, да платиме уште толку и да отидат половина милијарда средства на македонските граѓани, а да немаме ни километар автопат. Тоа што мислам дека е правилен пристап е да се бориме со нив да добиеме што повеќе километри автопат што побрзо“, рече министерот Николоски.

Тој очекува обвинувањата за криминал поврзан со договорот да ги испита Обвинителството.

„Државниот завод за ревизија има извештај, направен пред јас да станам министер така што мислам дека таму има се. Сега треба Обвинителството да си го разгледа“, вели Николоски.

Од барањето за декласификација на договорот нема да се откаже оти смета дека нашите закони јасно кажуваат што може да се класифицира како државна тајна. Веќе имал средби со претставници на конзорциумот и им кажал дека ќе бара декласиикација. Извести дека тоа е можно само доколку двете страни го одобрат оти така бил склучен договорот па очекува „Бехтел и Енка“ да се согласат договорот да биде јавен.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Македонија

Температури до 42°C, UV индексот 10

Read more

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Read more

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Read more

Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Read more
 

Вести

Бебе оставено среде центар во Велес, случаен минувач го однел во болница

Читај повеќе

Значително намалени нелегалните преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан

Читај повеќе

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Големи протести во Албанија: Летаат молотови коктели и се бара оставка од премиерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè видовме на Викенд на гордоста - Скопје 2024?

Читај повеќе

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

Читај повеќе

Четворица малолетници најдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија

Читај повеќе

Температури до 42°C, UV индексот 10

Читај повеќе

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Читај повеќе