
Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ се воведуваат уште две нови авиолинии:
Скопје-Женева
Скопје-Париз (аеродром „Орли“)
Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата easyJet, со тоа што линијата Скопје-Париз ќе почне да се оперира од 2 април, а линијата Скопје-Женева од 3 ноември оваа година.
„Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување нови авиолинии. Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е сè уште отворен и на него може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании, кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.
Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации што ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:
Охрид-Истанбул
Охрид-Базел Мулхаус
Скопје-Дубаи
Скопје-Штутгарт
Скопје-Лион
Скопје-Барселона
и за нив се овозможува финансиска подршка по принципот патник во доаѓање.
Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои веќе и преговараме и очекувам воведување и други дестинации од домашните аеродроми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително, на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.