Никозија - најчудното место во Европа: Две држави во еден град

Ова е последниот поделен главен град во светот и без сомнение едно од најкомплексните места во Европа.

Светскиот патник Роберт Дацешин нѐ носи на патување низ еден од најчудните градови, кој е поделен на два дела. Помеѓу овие два дела постои тампон зона, а надвор од тампон зоната се две сосема различни култури, менталитет и јазик.

Ова е приказна за Никозија, последниот поделен главен град во светот и без сомнение едно од најкомплексните места во Европа.

Како дошло до поделбата на Никозија?

Никозија станала главен град во 1960 година, а инвазијата на Турците во 1974 година го поделила градот на два дела - грчки и турски. Јужниот дел на градот денес е луксузен, со прекрасни булевари. Од другата страна е северна Никозија, која го задржала стариот шарм и малку се променила со текот на годините.

Градот е поделен со т.н. зелената линија, која го добила своето име затоа што силите на ОН користеле зелен маркер за да ги исцртаат границите што ќе го поделеле островот на два дела. За преминување од една на друга страна има службен премин кој воглавно го користат само туристите.

Во првиот дел се чувствува влијанието на Западот, има бројни ресторани со грчка кујна, православни цркви и сувенири поврзани со грчката митологија. Веднаш од другата страна се чувствува мирисот на ориентот, насекаде има натписи на турски јазик. Наместо цркви и манастири, на местото доминираат џамии, од кои особено е издвојува џамијата „Селимија“, која некогаш била црквата „Св. Софија“.

Се разликуваат и регистарските таблички. Во турскиот дел табличките на возилата немаат ознака на Европската Унија.

Она што особено ги изненадува туристите кога доаѓаат во Никозија е тоа што времето на турската и грчката страна на Кипар е еден час различно, бидејќи Турската Република Северен Кипар одлучи да го укине летното сметање на времето.

Грчкиот дел на Кипар го користи еврото, додека турскиот дел на Кипар турската лира.

Како локалното население гледа на поделбата на островот?

Роберт разговарал со кипарските Грци, а еве како тие гледаат на сѐ што се случило на островот.

„Има неколку разлики. Како прво, тоа се религијата, културата и менталитетот. Бидејќи работам како возач, имам можност да одам на другата страна, на турската страна на Кипар, која ние Грците ја нарекуваме окупирана територија. Сакам да бидеме обединети еден ден, да бидеме еден народ. Има нешто посилно од религијата и политичките прашања, а тоа е љубовта. Верувам дека каде што постои волја постои и начин. Имам силно чувство дека двете страни сакаат да живеат заедно“, вели еден жител на грчкиот дел на Кипар.

Друг вели дека сето ова е тажно и дека Кипар не припаѓа ниту на Грција ниту на Турција, а потоа накратко објаснува зошто дошло до поделбата.

„Кипрани што зборуваат грчки убиле неколку Кипрани што зборуваат турски. Кипрани што зборуваат турски убиле Кипрани што зборуваат грчки. Турција решила да го нападне Кипар, окупирале околу 39% од територијата, а жителите што зборуваат турски ги префрлиле на другата страна. Имам многу пријатели кипарски Турци, нашиот однос е братски“, искрен е Кипранецот.

Како изгледа тампон зоната?

Границата е долга 190 километри. Мисијата на ОН ја контролира тампон зоната. Кога започнала турската инвазија на Кипар, и сите луѓе биле протерани од оваа зона, секој што ќе бил виден дека се движи таму, војниците би имале право да пукаат.

Меѓутоа, човечката тврдоглавост понекогаш е многу силна, па и покрај заканите и уцените решиле да останат таму, вели Роберт.

Извесна госпоѓа Ана, која живеела во средината на тампон зоната, и чија врата била свртена директно кон средината на овој простор, одбивала да ја напушти својата куќа. Со текот на годините се спријателила со војниците кои ја обезбедувале областа, а тие ја снабдувале со основните потреби. Ана си терала по својот пат и живеела таму до својата 91 година. Нејзиното тело било последното нешто што било изнесено од оваа зона. Денес ова место изгледа заробено во времето.

Remote video URL
Тагови
реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Чек дис аут

Топ 15 најгусто населени градови во светот

Read more

Тиктокер не ја препозна Џенифер Лопес на улица, па ја праша што работи

Read more

Како изгледа денес легендарниот брод Титаник?

Read more

15 најголеми рудници што се гледаат од вселената

Read more
 

Магазин

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Читај повеќе

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

Читај повеќе

Не ги игнорирајте: 8 знаци дека треба да посетите гастроентеролог

Читај повеќе

Трик кој помага кучињата без потешкотии да проголтаат апче

Читај повеќе

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Читај повеќе

Сигнали од телото што може да значат дека недостасува витамин Д

Читај повеќе

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Читај повеќе